(ВИДЕО) ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЏУЛИЈАНИ? Америка „бруи“ за она што му се случило на адвокатот на Трамп среде конференција за медиумите!

Членовите на правниот тим на американскиот претседател Доналд Трамп, како и неговиот личен адвокат Руди Џулијани, одржале конференција на која повториле дека имало изборна измама на претседателските избори.
Сепак, еден детаљ од конференцијата, што нема никаква врска со пребројувањето на гласовите,го привлече вниманието на корисниците на социјалната мрежа.
Имено, конференцијата траела повеќе од еден час, а Џулијани упатил обвинувања кон демократите и Џо Бајден.
За време на целата приказна, тој почнал да се поти, а некои со остро око забележале дека по лицето на Џулијани тече темна боја.
Значи, ако некој се сомневаше, сега лесно можеше да дојде до заклучок дека 76-годишниот Џулијани „се фарба“.


Да потсетиме, соработниците на Трамп на конференцијата, меѓу другото, обвинуваа дека демократите биле насочени кон големите градови каде се случиле изборни измами.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кои се новите трендови во љубовните врски и како пандемијата влијаеше на нив

Најавени се нови трендови во љубовните врски, а истражувањата покажаа дека пандемијата има прилично големо …