Уште еден пораз за Анџелина Џоли во борбата со Бред Пит

На Анџелина Џоли и бил одбиен предлогот за дисквалификација на судијата Џон В. Одеркирк, кој веќе четири години ја води постапката за развод со Бред Пит.
Станува збор за судија кој, меѓу другото, ја венчал двојката во 2014 година, но тој е и приватно добар и со адвокатскиот тим на Бред Пит, па затоа актерката инсистирала овој случај да го води друг судија.
Сепак, се чини дека таа сепак ќе мора да се смири со овој судија кој досега го водел случајот, пишува Vanity Fair.
Според адвокатот кој е експерт за разводи, Кристин Привајт, барањето на Анџелина да го смени судијата и нанело повеќе штета отколку корист.
„Секогаш кога една од странките во бракоразводната парница ќе побара друг судија (особено кога тужбата веќе започнала), тоа е често затоа што тој или таа не постигнува поволен резултат со судијата што веќе го има и сака да се обиде да постигне поповолен исход со новиот судија. Покрај тоа, причината за промената може да биде затоа што судијата има репутација во пристапот кон случаи што не се поволни за нивната позиција“, објасни Привајт.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ослободете се од проблемите со кожата со сода бикарбона – Доаѓа времето на комарците, а…

Сода бикарбоната има навистина чудесно дејство Иако сме навикнати да ја користиме во исхраната, таа …