Сликај го Скопје и освој една од наградите со вкупна вредност од 100.000 денари

Петта година по ред, Скопје е домаќин и инспиратор на најдобрите фотографи, чија инспирација ги отвора новите хоризонти на дигиталната уметност. 

Оваа година во значително изменето издание, почитувајќи ги мерките зазаштита од ковид-19 внесуваме енергија во сивото секојдневие и монолитноста која ја предизвика планетарната криза. Овој есенски самит ќе го реализираме благодарение на современата технологија (Online) а алатките ќе бидат инспирација за создавање на органско искуство на сите учесници.

Затоа ја повикуваме јавноста да ни се приклучи на овој меѓународен настан преку следење во живо на светски и домашни експерти, а учесниците бесплатно може да се регистрираат на овој линк: 

https://www.facebook.com/events/407702710250436/

Истовремено би сакале да информираме дека Skopje Photo Week објавува Конкурс за избор на најдобра фотографија на тема „Скопје од мој алтернативен агол”.

На конкурсот ќе бидат доделени три награди и тоа за прва награда се предвидени 50.000 денари, за втора награда 25.000 денари и трета награда 15.000 денари.

Предвидена е и специјална награда за најдобра Инста фотка од 10.000 денари објавена на хаштагот #SPW2020 (Напомена: фотографиите мора да се направени во 2020 година, користејќи ја камерата на вашиот мобилен телефон, фотки без мета дата нема да влезат во изборот)

Повеќе информации може да се најдат на: http://skopjephotoweek.com/foto-konkurs/ 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Дневен хороскоп за недела, 24.01.2021: Бикот има потреба од нежност, Ракот мора да ги покаже чувствата, Стрелецот мора да го прифати она што го добива…

Овен Љубов: Вашиот партнер често се жали на вашето однесување и пропусти. Можеби немате доволно …