Официјално – Пеп Гвардиола го продолжил договорот со „Манчестер Сити!

Останува на Етихад
Манчестер Сити потврди дека го продолжил договорот со шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола до летото 2023. година.
„Се чувствував добредојдено откако дојдов овде. Постигнавме големи работи, освоивме трофеи и победувавме и горд сум на тој успех. Таквата поддршка е најдоброто нешто што може да го има менаџерот. Имам се што му треба на еден менаџер и благодарен сум им на луѓето од клубот што изразија желба да бидат тука уште две години. Пред нас е предизвик да направиме уште поголем напредок и јас сум возбуден поради тоа“, изјавил Гвардиола.
Гвардиола пристигна на „Етихад“ летото 2016 година и освои осум трофеи со „граѓаните“, вклучувајќи и две титули во англиската лига.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Луксузните автомобили на Роналдо се селат од Торино

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО (36) е близу до напуштање на италијанскиот гигант по три години поминати во …