Наливајте се со КАФЕ! Девет причини поради кои овој напиток е ОДЛИЧЕН ЗА ЗДРАВЈЕТО!

Иако постојат многу предрасуди за пиење на вашиот омилен црн пијалок, постојат и основани здравствени причини да уживате во него.
Кафето има многу придобивки од едноставно враќање на енергијата во организмот. Еве ги најдобрите начини на кои кафето може позитивно да влијае на вашето здравје.

1. Ќе живеете подолго
Најновите истражувања откриле дека луѓето кои пијат кафе имаат помала веројатност да умрат од некои од главните причини за смрт кај жените: коронарна срцева болест, мозочен удар, дијабетес и бубрежни заболувања.

2. Телото подобро ќе ја процесира гликозата
Неодамнешна студија во САД покажа дека луѓето кои пиеле повеќе кафе имаат помала веројатност да развијат дијабетес тип 2.

3. Помала веројатност за срцева слабост
Пиењето една до две шолји кафе на ден може да помогне во спречување на срцева слабост, кога ослабеното срце има потешкотии со испумпување на доволно крв во телото.

4. Помала е веројатноста за Паркинсонова болест
Кофеинот не само што е поврзан со помала шанса за развој на Паркинсонова болест, туку исто така може да помогне во подобро контролирање на движењето како резултат на болеста.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПОМАЛ БРОЈ ТЕСТОВИ ПА ПОМАЛКУ ЗАБОЛЕНИ: Во Македонија денеска се регистрирани 820 нови случаи на Ковид 19: Починати се 32 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2019 тестирања, а регистрирани …