(ФОТО) За вакцината против корона можеме да и заблагодариме на популарната пејачка Доли Партон

Кантри sвездата Доли Партон изјавила дека се чувствува „многу почестена и горда“ затоа што била во можност да вложи пари во истражување на една од најперспективните вакцини кои штитат од ковид 19.
Во април, таа објави дека дава милион долари на медицинскиот центар на универзитетот Вандербилт во Нешвил. Тоа било едно од местата за испитување на вакцината на компанијата Модерна, која според раните податоци е скоро 95% ефикасна.

Говорејќи на BBC One The One Show во вторникот, Доли Партон рекла дека била „толку возбудена“ кога ги слушнала вестите.
„Сигурна сум дека милиони долари од многу луѓе влегоа во истражувањето“, им рекла таа на водителите Алек Џонс и Џермејн Џенс.



Таа додала дека е многу „горда девојка“ затоа што придонела за нешто што ќе ни помогне да ја надминеме оваа „луда пандемија“.
„Се чувствував толку горда што бев дел од тоа и се надевам дека сето ова ќе прерасне во нешто големо и ќе помогне во заздравувањето на овој свет“, рекла легендата на кантри музиката.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Dolly Parton (@dollyparton)

Портпаролот на Вандербилт изјавил дека „дарежливиот“ подарок на Доли Парон помогнал на „неколку ветувачки истражувачки иницијативи“.
Дел од парите на пејачката биле за финансирање на раната фаза на вакцината Модерна.
Нејзината донација, исто така, поддржува студија и истражување за обновувачка плазма, која вклучува терапија со антитела, рекол Џон Хаузер, портпарол на медицинскиот центар на универзитетот Вандербилт.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Каква е поврзаноста помеѓу контактот со очи и заљубеноста? Научниците имаат интересни одговори!

Се прашувате дали личноста што ви се допаѓа ги споделува вашите чувства? Психологијата вели дека …