(ВИДЕО) ТАА ПРВА ЈА ОТКРИ КОРОНА: Кинескиот вирусолог сега нема утешни зборови за нас! Еве што уште не чека – според неа!

Ши Женгли е светски познат вирусолог, научник кој генетски го изолирала кодот на коронавирусот, а позната е и како „жена лилјак“ бидејќи со години проучува лилјаци.
Пред една година, Ши Женгли беше на конференција кога беше поканета да се врати во Вухан затоа што двајца пациенти со невообичаена пневмонија биле примени во болницата.
Ова се првите познати случаи на луѓе кои страдаат од ковид, вирус што предизвика пандемија и зарази повеќе од 55 милиони луѓе во оваа година и усмрти 1,3 милиони луѓе.
Сепак, ова можеби не се првите случаи на вирус на корона затоа што 55-годишниот пациент од кинеската провинција Хубеи наводно е нулти пациент, а тој беше откриен пред точно една година.
Од првите случаи на коронавирус до денес, многу е научено за вирусот, симптомите, начинот на пренесување, лекувањето, светот е на чекор до вакцините што можат да ја поразат пандемијата, но … „Жената лилјак“ предупредува дека ќе има повеќе вакви пандемии!!!
Работата е во тоа што за д-р Женгли оваа пандемија не беше целосно изненадување затоа што таа студирала лилјаци од 2004 година. Нејзината задача на таа научна експедиција била да открие дали цибетките, слични на мунгосите, се извор на епидемијата на САРС.
Таа и нејзиниот тим пронајдоа стотици видови на вирусот корона, но за среќа само десетици биле слични на САРС и можеле да ги заразат човечките бели дробови. Тие исто така биле имуни на вакцини и лекови кои се покажале успешни против другите форми на вирусот.

За време на истражувањето, научниците откриле дека една пештера е можен епицентар на САРС, што претставува опасност затоа што во неа има милиони лилјаци, а со тоа и поголема шанса дека вирусот ќе мутира и ќе се појави нов вид.
Исто така, утврдено е дека овој вирус може да се прошири на оние кои не се во директен контакт со овие животни, а луѓето кои живеат во блиското село, шест од нив, пријавиле симптоми слични на САРС.
Женгли верува дека бидејќи луѓето се’ повеќе живеат во диви области, ризикот од пренесување нови соеви на корона кај луѓето расте.
Таа верува дека оваа пандемија била „повик за будење“, но се плаши дека ќе има повеќе во иднина.
“Она што го откривме е само врв на ледениот брег. Мисијата мора да продолжи. Вирусите од корона кои ги даваат лилјаците можат да предизвикаат повеќе пандемии и мора да ги најдеме пред тие да не најдат нас”, рекла таа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …