ВЕЛИКОДУШЕН – Џорџ Клуни открил зошто на секој од своите 14. пријатели му дал по еден милион долари!

Џорџ Клуни во неодамнешното интервју за GQ открил зошто на 14. пријатели во 2013. година им дал по 1 милион долари.
Пријател на успешниот актер и претприемачот Ранде Гербер во интервју за MSNBC открил дека Клуни му дал милион долари. Гербер, Клуни и уште еден нивен пријател го продадоа „Касамигос“ во 2017 година за една милијарда долари.
GQ го прашал Клуни за негово објаснување за екстравагантниот подарок на пријателите. Тој рекол дека во тоа време бил сам, кој старее и не очекувал дека на крајот ќе се ожени и ќе има семејство.
„Она што го имам се овие момци кои, во период од 35. години, сите ми помогнаа на еден или друг начин, си помислив“, рекол Клуни.


„Спиев на нивните каучи кога бев скршен. Тие ми позајмуваа пари кога немав. Тие ми помагаа кога ми требаа со текот на годините. И јас им помагав со текот на годините. Сите сме добри пријатели”, додал тој.
Тој вели дека тогаш мислел дека нема да има ништо без нив.
“И ние сме навистина блиски. Ако ме удри автобус, тие дефинитивно ќе бидат во тестаментот. Па, за кој ѓавол да чекам да ме удри автобус?”, рекол тој.


Актерот им предал пари на пријателите во луксузни чанти откако ги поканил во неговиот дом, а открил и дека било точно една година пред да се ожени.
Патем, Клуни вели дека бил испрашуван од богати пријатели зошто би направил такво нешто. „Па зошто да не, идиоти?“, наводно одговорил.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) 7. неверојатни жени постари од 50. години кои ќе ве инспирираат да работите на себе

Одржување на добра физичка форма е исклучително тешко, особено по одредена возраст. Но, за некои …