Препораки на доктор Пановски за респираторните инфекции и за заразените со ковид 19!

Секој ден слушаме разни совеит да го спречиме заразувањето со корона…
Но, денес ви го донесуваме советот на доктор Пановски за однесување на заразените (или само со симптоми) со корона.
„Мојот став, кој важи за сите респираторни инфекции, а особено е важен сега, во услови на тешкотии во навремено обезбедување на тест: При првите симптоми на респираторна инфекција, особено покачена температура, суво кашлање и замор, ако е можно изолирајте се во посебна соба. Ставете хируршка маска кога морате да излезете од собата (тоалет, кујна итн.) или кога некој влегува во собата и држете дистанца. Ако има близок контакт од друго лице заради ваша нега, тоа лице да носи Н95 маска. Целта е да ги заштитите членовите на семејството. Факт е дека можеби веќе сте ги заразиле (можен е пренос два, а особено ден пред појава на симптомите), но и првите три дена по појава на симптомите сте заразни за околината. Се разбира дека треба да не излегувате надвор и да се јавите кај матичниот лекар за боледување и тестирање. Со овој пристап ќе спречиме ширење на грип, настинки и ковид. И да е негативен тестот останете дома со овие препораки додека не поминат симптомите. Ако не направите ПВР тест во рок од 7 дена од почеток на болеста, особено ако поминала болеста, подобро да не го правите. По 3 -6 недели направете тест за антитела, па ќе знаете бил ковид или не“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Тоше Проески и групата „903“ во досега необјавената песна „Марија“ од почетоците на неговата кариера

Вчера Тоше Проески да беа околностите поинакви ќе славеше роденден, а регионалните медиуми тоа го …