(ВИДЕО) Српска водителка открила како се заразила со корона: „Не бидете глупави како мене!“

Српска водителка на своите следбеници на социјалните мрежи им рекла дека е позитивна на ковид-19, но и дека знае точно кога, со сопругот, се заразиле.
Милица Кон, водителка на шоуто „Брак со невидено“ и сопруга на музичарот Марко Кон, открила дека парот е заразен со коронавирус. “Коронче, што правиш, како си овие денови? Ајде да се дружиме малку … Остани дома, не биди глупав како мене”, рекла 33-годишната водителка на ТикТок.
Милица споделила видео кое покажува дека таа и нејзиниот сопруг биле на свадба минатиот викенд, а една недела подоцна завршила во ред пред ковид амбулантата и наскоро добила позитивен резултат.

@milicakonHello Coronice sta radiš kako si ovih dana? Daj malo da se družimo…. Ostanite kod kuće, nemojte biti glupi kao ja… ##corona ##stayhome @markoj.kon

♬ original sound – Milica Kon

“Дали се сеќавате како јас и сопругот одевме на свадба пред седум дена и дека бевме многу убави? И секако пред седум дена сите не предупредија да не одиме на прослави затоа што коруната дивее. Но, не, ние бевме во фазон ако седиме на нашата маса, нема шанси тоа да ни се случи“, признала Милица во видеото што го споделила, а под кое многумина и посакуваат брзо закрепнување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🌸 Milica Kon 🌸 (@milicakon)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПОМАЛ БРОЈ ТЕСТОВИ ПА ПОМАЛКУ ЗАБОЛЕНИ: Во Македонија денеска се регистрирани 820 нови случаи на Ковид 19: Починати се 32 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2019 тестирања, а регистрирани …