(ВИДЕО+ФОТО) СЕ ИЗГУБИЛ ВО НАЦИОНАЛЕН ПАРК „МАУНТ РАЈНЕР“ – БИЛ МРТОВ 45. МИНУТИ: На планинарот срцето престанало да му чука, а потоа ги отворил очите – Ова е неговата приказна!

Планинарот Мајкл Напински (45), кој бил спасен откако се изгубил во Американскиот национален парк во текот на ноќта, бил вратен во живот и покрај тоа што неговото срце не работело 45. минути.
Напински се изгубил минатата недела во националниот парк Маунт Рајнер, каде што температурите биле многу ниски.Заминал на планинска прошетка со еден пријател, но во еден момент се разделиле. Еден пријател започна да скија по удолницата, додека Напински продолжи да оди. Се договориле да се сретнат во подножјето.
“Бев прилично близу до крајот на патеката кога времето се влоши и во еден момент не можев да видам ништо. Не сум сигурен што се случи потоа. Мислам дека паднав”, се сеќава Напински за „Сиетл тајмс“.
Кога не пристигнал на договореното место, неговиот пријател ги известил ренџерите кои започнале со потрагата. Поради лошите временски услови, хеликоптерот не можел веднаш да полета.


Сепак, спасувачката екипа по некое време успеала да полета и конечно по еден час го нашле, а потоа пристигнал поморски хеликоптер и го пренесе во болницата „Харборвју Медицинскиот центар“ во Сиетл.
Тогаш имал пулс, но потоа срцето застанало.
Лекарите го реанимирале и го поврзале со апарат ECMO, кој пумпал крв од неговото тело во белите дробови и срцето, овозможувајќи на тој начин размена на гасови и одржување на протокот на крв во неговото тело.
По 45. минути, срцето на Напински повторно почнало да чука, а два дена подоцна тој се разбудил.

Иако сè уште се опоравува бидејќи неговите бубрези не функционираат правилно, неговото срце сè уште се бори да циркулира крв низ телото, а имал и смрзнатини, но лекарите сметаат дека целосно ќе закрепне.
„Тој се врати од мртвите. Можеби не е најточно медицински да се каже, но неговото срце не чукаше 45. минути. Едноставно е неверојатно“, рекол шефот на одделот за интензивна нега, д-р Саман Арбаби.

Фото: Harborview Medical Center

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Дознал дека има рак па отишол кај пријател да ја избричи главата: Неговата реакција го расплакала! Ова се нарекува пријателство

Кога дознал дека има рак, Нефтали Мартин не знаел „каде удира“ и што да прави. …