Ангела Меркел:„Вирусот се шири неконтролирано!“

Ситуацијата со пандемијата на коронавирусот во Германија е сеуште многу сериозна, иако новите случаи на инфекција не растат со брзо темпо, изјави во вторникот германската канцеларка Ангела Меркел.
Таа ова го изјави по состанокот со федералните премиери во понеделникот, ја одложи одлуката за натамошно засилување на мерките за 25-ти ноември.
Меркел рече дека повеќе би сакала да се донесе построга мерка на вчерашниот состанок на федералната влада со покраинските лидери, истакнувајќи дека е многу загрижена од неконтролираното ширење на вирусот во некои делови на земјата, вклучително и Берлин.

„Намалување на контактите, намалување на контактите, намалување на контактите“
„Бројот на нови инфекции веќе не расте експоненцијално, но сепак е многу голем. Затоа, треба да ги намалиме контактите, да ги намалиме контактите, да ги намалиме контактите“, повтори канцеларката неколку пати на деловниот состанок организиран од Зидојче Цајтунг.
Според институтот Роберт Кох, Германија има 14.419 нови случаи на инфекција на дневна основа во вторникот, додека други 267 пациенти поврзани со ковид 19 починале.
Бројот на дневни инфекции е помал од минатата недела, но бројот на смртни случаи е зголемен.



Според германската канцеларка, околу 30-40 проценти од германското население припаѓа на ризичната група, вклучително и старите лица и оние со полошо здравје.
„Ставањето под контрола на епидемијата е најдобро решение и за економијата“, рекла Меркел.

Делумно заклучување
Германија на 2 ноември воведе ограничено затворање за да го спречи вториот бран на епидемијата на коронавирус. Баровите и рестораните беа затворени, но училиштата и продавниците останаа отворени.
Меркел предложи дополнителни мерки што вклучуваат задолжително носење маски во училиштата и намалување на големината на часот, повикувајќи ги граѓаните и учениците да го ограничат контактот на едно домаќинство или пријатели.
Канцеларката повтори дека седумдневната инциденца мора да падне под 50 на 100.000 жители пред да се донесе одлука за ублажување на мерките. Германија во моментов има 141 случај на 100.000 жители, покажуваат најновите податоци на Институтот.
Состанокот меѓу германската федерална влада и федералните држави заврши во понеделникот без конкретни одредби за нови мерки за борба против коронавирусот, но учесниците апелираа до граѓаните да ги намалат социјалните контакти на минимум.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …