(ФОТО) Очајната домаќинка се тестирала среде улица

Актерката Фелисити Хофман, позната по улогата на Линет во серијата „Очајни домаќинки“, беше фотографирана на улиците на Лос Анџелес заради тестирање за коронавирус.
Таа го запрела автомобилот покрај една од болниците во Лос Анџелес, а здравствена работничка излегла од просториите на болницата, дошла до нејзиниот автомобил и направила брис од грлото и носот. Не е изолиран случај и не е единствениот што е тестиран на овој начин.
Фотографиите се појавија во американските медиуми.


Актерката неодамна ја издржа казната што ја доби за давање мито и фалсификување на приемниот испит на нејзината најстара ќерка.
Таа беше осудена минатата година за проневера и местење приемен испит за нејзината најстара ќерка.
По единаесетдневна затворска казна, едногодишен надзор, забрана за напуштање на земјата и 250 часа општокорисна работа, таа конечно ја издржа казната во целост. Сега, откако и е вратен пасошот, актерката се надева на нови актерски ангажмани.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Како да го подготвите телото за вирусите

Витаминот Ц е штит на целокупниот имунитет, а во моментов најмногу се наоѓа во калинка, …