Н.У. Театар за деца и младинци ја најавува премерната изведба на младинската претставата „ШТО Е СИЛЕЏИЈА”

    Н.У. Театар за деца и младинци со особена чест и задоволство  ја најавува премерната изведба на младинската претставата ,, ШТО Е СИЛЕЏИЈА”, авторски текст на Горјан Милошевски и Хана Миленковска, во режија на Хана Миленковска, која ќе се одржи на ден 18.11.2020 ( среда ) во 19:00 часот.

Претстава

„Што е силеџија?“

Во претставата со „Што е силеџија“, на прв план, се опфаќаат проблемите поврзани со врсничкото насилство поточно силеџиството во едно средно училиште. На втор план, всушност подлабоко вграден во самата драмска содржина, се прикажува проблемот на силеџиството во општеството како и на гневот што го носиме во себе кој предизвикува друг гнев. Темите кои се застапени во текстот чии автори се Горјан Милошевски и Хана Миленковска (исто така режисер на претставата), произлегуваат од еден сложен синџир, од една долга верига на односи, трауми, случки, силеџии од детството, силеџии од сегашноста итн. Имено, веќе не е доволно и не помага само да се зборува за силеџиите и нивниот чин на насилство, да се прави претстава или филм во кој гледаме како насилни индивидуи малтретираат други индивидуи. Веќе живееме во време кога сме освестени за повеќеслојноста на овој проблем. Мора да се најдат причините, настаните, луѓето кои од едно нормално дете, еден чист човек направиле силеџија. Кои се силеџиите на силеџиите? Кои се факторите за еден човек да манифестира силеџиство?

Со режисерката, Хана, овие проблеми и овие прашања ги разгледуваме преку триаголникот: семејство, игралиште и школо. Значи причините мора да се бараат во минатото, во околните причинители, средината: фамилијата, школото и местата каде младите играат со своите другари.

 

Приказната се врти околу еден инцидент во кој учествуваат пет средношколци: Васил, Стефан, Марија, Мартин и Луција. Ги гледаме овие млади луѓе кои носат трауми од своето минато, од детството, кои се заробени во еден синџир на насилници и насилнички методи и корупција. Гледаме како ништо сериозно не се презема во врска со жртвите на насилството, како никој не реагира на гневот, агресијата што се пренесува од еден на друг, од една средина во друга, поради траумите или во име на личните интереси. Ретко кој размислува за долгата верига на односи, трауми, случки и силеџии, не се пристапува на проблемот аналитично и покомплексно. Па затоа ги гледаме и овие млади луѓе во нивната апатија, бунило, немоќ да направат нешто за да се прекрши овој синџир. Гледаме ликови поточно луѓе кои се за жал инструменти на насилството кое се пренесува одамна, од година во година, од еден на друг, како модус за опстојување, за доминација, за одбрана.

Овие пет луѓе се борат, тие се на раскрсница меѓу потребите, желбите на секој млад човек и тој неуништлив круг на конфликти, случки, насилници, корупција и последици.

КАСТ ЛИСТА

ШТО Е СИЛЕЏИЈА

Драмски автори : Горјан Милошевски и Хана Милeнковска

Режија: Хана Миленковска

Музика : Колективен избор на музика

Кореографија: Валентино Апостоловски

Играат:

Никола Наковски

Петар Стојанов

Мики Анчевски

Матеа Јанковска

Ангела Димитрова

Инспициент: Ирена Глигороска

Дизајн на плакат и програма: Димитар Димитров

Тон мајстор: Владимир Стефановски

Светло мајстор: Мартин Митровски

Реквизитер: Бранкица Јордановска

Шминка: Игор Петрески

Декоратер: Драган Несторовски

Развој на текст / Фокусна група

Мина Јелушиќ

Анастасија Ташковска

Лука Шијаков

Лука Алексиќ

Софија Атанасоска

Борјан Зенделов

Давид Стоилковски

Ангела Пејковска

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

„Антолог” најавувa  – „НЕВИДЛИВИ ЉУБОВИ” ОД ВЛАДИМИР ЈАНКОВСКИ ОБЈАВЕНА НА СРПСКИ ЈАЗИК

Ве известуваме дека неодамна издавачката куќа „Граѓански форум” го објави српскиот превод на романот „Невидливи љубови” од Владимир …