КОРИСНО – Што знаеме за ЗЕЛЕНИОТ ЧАЈ? Делува на притисок, алергии и многу други нешта

Ако сте како повеќето луѓе, вашиот омилен утрински напиток веројатно е кафе или чај.
Ќе се расправа за тоа кој од овие пијалоци е најдобриот пијалок за појадок, но факт е дека обајцата имаат многу корисни својства. На пример, кафето е одличен извор на антиоксиданти, па затоа може да ве заштити од дијабетес.
Сепак, се чини дека љубителите на чајот се малку повеќе во право, особено кога нивниот омилен пијалок е зелен. Една неодамнешна студија спроведена на Медицинскиот центар на Универзитетот Колумбија сугерира дека конзумирањето на екстракт од зелен чај може да ја подобри состојбата кај жени со рак на дојка
Иако е рано да се заклучи дека зелениот чај може да спречи рак, се чини дека сè поголем број студии одат во таа насока. Додека ги чекаме нивните резултати, можеме да погледнеме на она што веќе го знаеме за зелениот чај.


Позитивно влијае на крвниот притисок.
Еве неколку здравствени придобивки од консумирање зелен чај:
Поздраво срце – Зелениот чај е исполнет со силни оксиданти кои можат да го намалат вашиот крвен притисок. Слободно додадете малку лимон во шолја зелен чај за дополнителна количина на витамин Ц, што ќе му помогне на вашето тело да апсорбира антиоксиданти.
Повеќе моќ – Научниците открија дека конзумирањето екстракт од зелен чај може да ја зголеми издржливоста за скоро 24 проценти!
Слабо тело – Некои антиоксиданти, присутни во зелениот чај, се вистинско оружје против масните наслаги на стомакот.
Олеснување на алергијата – јапонски истражувачи открија дека состојка наречена EGCG, антиоксиданс кој се наоѓа во големи количини во зелениот чај, може да го зајакне вашиот имунолошки систем и да ве заштити од разни алергии, пренесување…


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

20 НАЈГОЛЕМИ ЛАГИ поврзани со сексот – дали верувате во некоја од нив!?

Најчесто тоа е производ на незнаење, но и на предрасуди. И навистина има многу од …