Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата “Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм”, при Друштвото на филмските работници на Македонија во состав: Игор Иванов – режисер и претседател на Комисијата, Дејан Лилиќ –
актер, Тамара Котевска – режисер, Самир Љума – кинематографер, Мартин Иванов – монтажер, Иван Ѓоршев – мајстор на светло и Сања Арсовска – актерка, прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, донесе одлука филмот„Врба“ во режија на Милчо Манчевски, да биде национален кандидат на Република Северна Македонија за оваа награда за 2021 година.

Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите:
„Ефектот на среќата“ во режија на Борјан Зафировски, , „Исчезнатиот“ во режија на Арбен Тачи, „Кеиф“ во режија на Блаже Дулев и „Незо“ во режија на Мерита Чочоли.
Поради глобалната пандемија предизвикана од Ковид-19, Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука објави дека 93-та церемониј