(ВИДЕО) Ракетата на Маск со четири членови на посадата тргнала во вселената на ИСС

Вселенското летало на SPACEX со вселенската посада тргна кон Меѓународната вселенска станица (ИСС). Лансирањето од вселенскиот центар Кенеди во Флорида според новиот план беше вечерва во 1:27 часот по наше време.
Се’ во живо следете тука:


Во тимот членуваат Американците Мајкл Хопкинс, Виктор Гловер и Шенон Вокер и Јапонецот Соичи Ногучи.

Слетувањето на ISS е закажано за вторник во зори по Гринич.
Ова е прва шестмесечна „оперативна“ мисија која го потврди продолжувањето на летовите со екипаж од САД во мај, по деветгодишна пауза и зависноста од Русија.
Во вторникот, НАСА официјално ја одобри капсулата Crew Dragon дизајнирана од SpaceX за да ги пренесува своите астронаути со редовни летови, сметајќи дека е безбедна. Со оваа мисија, капсулата Dragon ќе стане главно такси на НАСА, додека чека да биде подготвена за капсулата Starliner на Boeing, која имаше големи проблеми за време на тестирањето и нема да биде подготвена до следната година.
Спејс Икс, компанија основана од претприемачот Илон Маск, претходно успешно ја заврши демонстрациската мисија која траеше од мај до август, при што испрати двајца астронаути на ИСС и без проблем ги врати на Земјата.
SpaceX организира летови за снабдување на вселенската станица од 2012. година, благодарение на карго-верзијата Dragon.
„Во следните 15 месеци, ќе започнеме седум мисии Dragon со екипаж и товарни мисии за НАСА“, рече Бенџи Рид, менаџер на екипажот за вселенски летови во „Спејс Икс“, на прес-конференција во вторникот.
„Од декември, секогаш кога ќе лансираме Dragon, ќе има два Dragon (Змеј) во вселената во исто време долго време“, истакнал тој.
Членови на следната мисија со екипаж закажана за крајот на март 2021 година ќе бидат Европјанинот Томас Пескет, двајца Американци и еден Јапонец.
Историски успех
Да потсетиме, Маск постигна историски успех во мај годинава, кога лансираше двајца астронаути во вселената, што беше првото полетување на Американците од американско тло во последните девет години. Тоа беше исто така првпат Американците да бидат носени во вселената со комерцијални летала, во сопственост и управувани од приватни компании.
Ракетата Фалкон 9 полета на 30. мај во 15 часот и 22 минути по локално време (21 часот и 22 минути по македонско време). По лансирањето, ракетата „Фалкон 9“ слета на Земјата без проблеми, а капсулата Crew Dragonсо астронаутите Роберт Бехнкен и Даглас Харли се упати кон Меѓународната вселенска станица.
За прв пат по 9 години во американско вселенско летало
Астронаутите Даг Харли и Боб Бенкен патувале 19. часа до Меѓународната вселенска станица во новата капсула Crew Dragon.
Тие тргнале од истата платформа од која последниот шатл на НАСА управуван со Харли отиде во вселената во 2011 година.
Успешната мисија е да се постигне главната цел на НАСА, како што формулира шефот на агенцијата Џим Бриденстин, да ги испрати назад во вселената „американски астронаути на американска ракета од американско тло“.
Американските астронаути се движеа во орбитата со руската ракета „Сојуз“ последните девет години.
За прв пат, Американците се пренесени во вселената со вселенски летала од приватни компании
За Маск ова е уште еден огромен успех на неговите повеќекратни ракети со кои сака да ги направи летовите поевтини и почести. Исто така е првпат Американците да бидат носени во вселената со комерцијални летала, во сопственост и управувани од приватни компании.
НАСА последен пат лансираше астронаути во ново летало пред 40. години на почетокот на вселенската програма.
Маск, јужноафрикански и хај-тек магнат, кој се збогати во Силиконската долина е извршен директор на производителот на електрични автомобили и батерии Тесла.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Андреа се надева дека ќе ја претставува нашата земја на Евровизија со Circles

Circles се вика песната на Андреа која влезе во најтесниот круг од 6. песни за …