(ФОТО) ИЗНЕНАДИЛА СО ПРИЗНАНИЕТО – Пејачка се тестирала на КОВИД:’Левата ноздра позитивна, десната негативна. Сакам да ми ги вратат парите ‘

Но, ова не е единствениот таков случај. Извршниот директор на Tesla Inc., Елон Маск, во четвртокот објави дека истиот ден бил четири пати тестиран за вирусот корона истиот ден, со два теста позитивни и два негативни.
Американската R&B, соул и хип хоп пејачка и текстописец, Ерика Баду (49), ги изненади обожавателите на Твитер. Сè започна кога таа ги сподели резултатите од брзиот тест за вирусот корона, што ја збуниле, во најмала рака.


„Немам никакви симптоми. Ме тестираа на КОВИД. Истата машина. Левата ноздра ми е позитивна. Десната ноздра е негативна“, напишала таа на социјалната мрежа.
Таа додала дека лекарот пријавил само позитивен резултат. Ерика тој ден била три пати тестирана.
„Ова е мој трет брз тест за 24 часа. Сите секогаш се тестираме пред секоја изведба. Пред тоа бев тестирана двапати и левата ноздра ми беше позитивна, а десната негативна. Мораме да ги испитаме овие тестови, сакам да ми ги вратат парите“, додала таа во описот на видеото, а ги докажа и резултатите од тестовите како доказ.


Но, ова не е единствениот таков случај. Извршниот директор на Тесла АД, Елон Маск (49), во четвртокот објави дека бил четири пати тестиран за вирусот корона во ист ден, со два теста позитивни и два негативни.
„Нешто сомнително се случува. Денес бев тестиран четири пати. Резултатите се двапати позитивни, двапати негативни. Иста машина, ист тест, иста сестра. Брз тест за антиген од БД“, напишал Маск на Твитер веројатно алудирајќи на брзиот тест Becton Dickinson and Co.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Глумецот од сериите „НЦИС“ и „Бул“ ослабнал 20. килограми без „теретана“ – Открил и како!

Актерот Мајкл Ведерли, sвездата на сериите „Бул“ и „НЦИС“, неодамна призна дека се здебелил. За …