(ВИДЕО) Шокантен почеток на новата сезона на хит серијата „Вовед во анатомија“

Пред два дена, телевизиската компанија ABC премиерно емитувала двочасовен почеток на новата, седумнаесетта сезона на серијата „Вовед во анатомија“.
Сапунската опера, од која подолго траат само Симпсонови, имаше шокантен почеток што многу фанови на Мередит Греј, доведе, буквално до лудило.
Ако сте љубител на серијата, и не сте ги гледале првите две епизоди од новата сезона, ви предлагаме да престанете да го читате текстот, затоа што следат спојлери.


Во новата серија, се разбира, главната тема е коронавирус. По деноноќна борба за животот на пациентот, Мередит Греј колабира. Следната сцена – еве ја со сопругот за кој се верува дека е мртов … Шокот и возбудата никогаш не завршуваат. Некои би рекле дека сапуницата отишла предалеку, но имајќи предвид дека оваа серија е „лажно задоволство“ за повеќето – нема многу поплаки.
Продуцентите и сценаристите кои се познати по убиството на ликовите, решија да го вратат Дерек Шепард, сопругот на Мередит Греј.


Првите две епизоди емитувани на 12. ноември добија позитивни критики.
Новата епизода наречена „Мој среќен крај“ премиерно ќе биде прикажана на 17. ноември годинава.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Како да го подготвите телото за вирусите

Витаминот Ц е штит на целокупниот имунитет, а во моментов најмногу се наоѓа во калинка, …