ПОЧИНА КИЧО СЛАБИНАЦ: Музичкиот великан долго се бореше со тешката болест

Денес почина еден од најпознатите пејачи од поранешна Југославија, Крунослав Кичо Слабинац (76).
Пејачот беше опериран неколку пати во изминатите месеци, и иако неговите роднини се надеваа дека сè ќе биде подобро, лекарите постојано ги подготвуваа за најлошото
Зад себе ги остави неутешните синови Павао (41) и Иван (39), пријатели и бројни фанови.
Според претходните наводи на РТЛ, состојбата на пејачот се искомплицирала по операцијата на срцето.
После првата операција следеле уште две а сето тоа било премногу за да организмот на Кичо Слабинац го издржи . Затоа тој потоа бил ставен во индуцирана кома.


Кичо е роден во 1944. година во Осиек, а низ целиот регион се прослави во 1970-тите.
Како пејач, композитор, гитарист и аранжер, тој постигна голем успех низ цела Југославија и е победник на многу настани на Балканот, како што се Белградска пролет, фестивали во Опатија, Сплит и други. Тој е познат како пејач на популарната музика, но и на славонската народна музика.


Неговите фанови во Македонија сигурно ќе го памтат и по неговите настапи на Макфест.


Но, негов најголем хит, несомнено е „Поради една прекрасна црна жена“…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тужба за СЗО: „Ми ја уништувате работата. Размислете …“

Сибирскиот претприемач ја има несреќата што неговата компанија се вика Омикрон и се занимава со …