ЈАС СУМ ЗЛАТАН – Почнало снимањето на филмот за Златан Ибрахимовиќ: Премиерата на есен 2021. година

Играниот филм за Златан Ибрахимовиќ, најдобриот шведски фудбалер на сите времиња, започна да се снима во октомври, а гледачите ќе можат да го гледаат во киносалите есента следната година, објавија италијанските медиуми.
Ибрахимовиќ иако има 39. години, сепак игра во врвна форма, и воодушевува во дресот на ФК Милан.
Филмот се базира на автобиографијата „Јас сум златАн“, напишана од шведскиот новинар Дејвид Лагеркранц. Тој е еден од сценаристите на филмот, а на сценариото работеше и Јакоб Бекман, додека режисер е уште еден Швеѓанец, Јенс Сјогрен.
Главните актерски улоги се наменети за Доминик Бајрактари Андерсон и Гранит Ружити.
Бајрактари Андерсон ќе го игра Ибрахимовиќ кога имал 11. до 13. години, а Гранит Русити ќе го игра со шведскиот голгетер од 17-та до 23-та година, односно на почетокот на неговата професионална кариера во Малме и кога се пресели во Ајакс.
Снимањето на филмот ќе заврши во Амстердам.
„Ибрахимовиќ е повеќе од фудбалер, тој е икона и чист лидер. Начинот на кој тој игра и се однесува на теренот и надвор од него е автентичен и никој не може да го имитира. Ова е приказна за легендата која е наш современик. Тоа е приказна создадена за филм“, рекол филмскиот продуцент Андреа Окипинти.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) КОГА ПРВАТА ДАМА ЌЕ НАПРАВИ КОЛАЧИ: Џил Бајден им однела послужување на членовите на Националната гарда во Капитол

Новата прва дама на САД, Џил Бајден, ненајавено го посети Капитол и однела корпи со …