(ВИДЕО) КОРОНА ВИРУСОТ НЕ ЗАПИРА: Во САД регистрирани 142.279 новозаразени, Шпанија ја надминала бројката од 40.000 починати

Соединетите Американски држави продолжуваат да бележат негативни рекорди кога станува збор за пандемијата на коронавирусот, бидејќи се регистрирани 142.279 нови случаи на Ковид 19, најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата.
Осми ден по ред, САД пријавуваат повеќе од 100.000 нови инфекции на ден.
Расте и бројот на хоспитализирани пациенти, а синоќа имало 64.939, што е највисоко од почетокот на пандемијата. Во последните 24. часа починале 1.464 пациенти.
Вкупно 10,4 милиони луѓе ае заразени во Соединетите држави, а скоро 242.000 луѓе починале за време на пандемијата.

ГЕРМАНИЈА
Во Германија, во последните 24. часа се потврдени 21.866 нови случаи на коронавирус, а 215. лица починалњ, објави Институтот Роберт Кох.

Вкупниот број на заразени се искачи на 727.553, додека 11.982 лица починаа од почетокот на епидемијата.

ЈУЖНА КОРЕЈА
Бројот на нови случаи на вирусот корона во Јужна Кореја е поголем од 100 трет ден по ред, а жариштата избувнаа низ целата земја во јавни установи и на приватни собири, што може да доведе до построги мерки на социјална дистанца, пренесува Јонхап.
Во последните 24. часа евидентирани се 143. нови случаи, вклучувајќи 128. од локалниот пренос. Вкупниот број на заразени се искачи на 27.942.
Нема смртни случаи од последниот пресек, останувајќи на вкупно 487. смртни случаи во Јужна Кореја.

КИНА
Во последните 24. часа, потврдени се 15. нови случаи на коронавирус во Кина, што го продолжи трендот на опаѓање на дневниот број на нови случаи.
Националната здравствена комисија објави дека е откриен еден локално пренесен случај кај новоинфицираните во Тијанџин, додека останатите 14. се увезени.

Бројот на откриени асимптоматски случаи дневно исто така се намалува, така што денес има шест од нив во споредба со 15. претходниот ден.
Од почетокот на епидемијата, во Кина се регистрирани 86.299 случаи на коронавирус, а 4.634 лица починале.

МЕКСИКО
Во Мексико, во последните 24. часа биле потврдени 7.646 нови случаи на коронавирус, а 588. лица починале, објави Министерството за здравство.
Во таа земја, од почетокот на епидемијата се заразени 986.177 лица, од кои 96.430 починале.

ШПАНИЈА
Шпанија во средата ја надмина бројката од 40.000 луѓе кои починаа како резултат на инфекција со вирусот корона, според податоците на Министерството за здравство на таа земја.
Имајќи предвид дека Шпанија во средата имаше 349. нови смртни случаи, бројот на смртни случаи беше повеќе од 40.000 до средата вечер, а сега е меѓу земјите што имаат најмногу смртни случаи од Ковид-19.
Во Франција, минатата недела тој број надмина 40.000, а Велика Британија надмина 50.000 мртви во средата.
Во вторникот, Шпанија имаше рекорден број на смртни случаи за еден ден – 400.
И покрај застрашувачките податоци, шпанските власти проценија дека епидемијата „полека се стабилизира во претходните две недели“ на 525. заразени на 100.000 жители.

ЧЕШКА
Во последните 24. часа, во Чешка се регистрирани 8.925 нови случаи на коронавирус, значително помалку од пред една недела.
Бројот на починати се зголеми за 247, вклучувајќи 108 случаи во средата и ревидираните податоци за претходните денови.

Вкупно 5.570 пациенти починале како резултат на Ковид 19 досега.
Од почетокот на пандемијата, заразени се 438.805 лица, а најголемиот број новозаразени е регистриран минатата среда, повеќе од 15.000.
Во Чешка се воспоставени строги ограничувачки мерки за борба против пандемијата.

ИНДИЈА
Во Индија, во последните 24 часа се потврдени 47.905 нови случаи на коронавирус, но во главниот град Њу Делхи повторно е забележан рекорден број на нови инфекции.
Во Њу Делхи се регистрирани 8.593 нови случаи, што е највисоко од почетокот на епидемијата, а во тој град изминатиот ден починаа 85 лица.
Во последните 24 часа во Индија починале 550 лица.
Бројот на нови инфекции во Индија е стабилен, откако земјата забележа рекордни бројки на глобално ниво во текот на летото.
Од почетокот на епидемијата, вкупно 8,6 милиони луѓе се заразени во таа земја, што ја прави втора по големина во светот по САД, а починаа 128.121 лице.

УКРАИНА
Во последните 24 часа во Украина беа потврдени 11.057 нови случаи на коронавирус, а 198 лица починаа, изјави министерот за здравство, Максим Степанов.
Вкупниот број на заразени во таа земја сега е 500.865, а починале 9.145 лица.

БУГАРИЈА
Во Бугарија, во последните 24 часа се потврдени 3.945 нови случаи на коронавирус, а 47 лица починале, објавено е на официјалната веб-страница за следење на епидемијата.
Како што се наведува, од последниот дел, 10.830 лица биле тестирани, што значи дека процентот на заразени е 36,42.
Во Бугарија во моментот има 58.699 активни случаи, пренесува БТА.
Во болниците има 4.478 лица, од кои 276. се на интензивна нега.
Од почетокот на епидемијата, во Бугарија се регистрирани 87.311 случаи на коронавирус, а починале 1.898 заболени лица.

РУСИЈА
Рекорден број на смртни случаи вчера се регистрирани во Русија – 439, како резултат на вирусот корона, со што вкупниот број на жртви достигна 32.032.
Исто така, во последните 24 часа се регистрирани 21.608 нови случаи на инфекција, од кои скоро 6.000 се во Москва.
Во исто време, се опоравиле околу 18 000 пациенти, пренесува ТАС С.
Вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата е 1,85 милиони.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е спомен на Светиот свештеномаченик Тимотеј, епископ Пруски: Чудотворец и исцелител со чиста душа

Заради големата душевна чистота од Бога доби дар на чудотворство и ги лечеше сите болести …