Ова се најсочувствителните знаци на Зодијакот: Во нив има најмногу чувства за другите

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Емпатијата е нешто што сите го имаме, само што кај некои е поразвиено отколку кај други. Имајќи развиена емпатија не ве прави посебно суштество, тоа само значи дека можете подобро да ги почувствувате чувствата на другите луѓе.

1. Риба
Веќе ви е доволно тешко постојано да сакате да им угодувате на луѓето, а имате и високо развиена емпатија. Рибите заробени помеѓу овие две состојби можат постојано да бидат под стрес и вознемиреност.
Чувствувате кога некој член на вашето семејство се чувствува лошо, како и кога „лебдите“ над него за да ја „впиете“ целата таа негативна енергија. Вие не го правите тоа затоа што сакате, туку затоа што имате компулсивна потреба да помогнете.
Вашето присуство во такви моменти со задоволство е прифатено затоа што делувате многу смирувачки. Ја чувствувате тежината на целиот свет и многу се трудите да не им покажувате на другите емпатични луѓе колку ви е гајле.

2. Бик
Вие сте неверојатно чувствителни на чувствата на другите луѓе, толку многу што понекогаш може да имате физичка реакција. Вие сте свесни за тоа и не е нешто со што ќе се пофалите.
Вие едноставно си дозволувате да бидете тука за другите. Вие ја земате нивната болка, и вашата добра природа и желба да помогнете ќе ги ублажат неволјите на сите.
Вие сте најдобриот пријател што можете да го посакате и знаете како да ги смирите луѓето со љубов и љубезност.

3. Девица
Целиот живот сте растргнати помеѓу тоа да сте закоравен перфекционист и нежен симпатизер. Фактот што толку многу ги чувствувате туѓите чувства е една од причините поради кои можете да станете многу напорни и студени, бидејќи емоциите на другите луѓе можат премногу да ве повредат.
Се чувствувате многу длабоко, а тоа особено се однесува на животните. Емпатијата е длабоко вкоренета во вас, но исто така ве вознемирува.

4. Скорпија
Иронијата е во тоа што Скорпијата, која може да се однесува грубо и насилно, е исто така најнежниот, најгрижливиот и најсочувствителниот знак што постои.
Сакате да помогнете, сакате луѓето да бидат среќни и понекогаш премногу се трудите да успеете.
Кога чувствувате дека вашиот пријател е во неволја, ќе дадете сè за него, единствениот проблем е што не сте секогаш во право.
Имате голема емпатија, но честопати не сте во склад со сопствените емоции.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за сабота, 19.06.2021: Некој не ги исполнува вашите емотивни очекувања, но вие сте толерантни и со разбирање за лицето кое ја користи вашата добра волја…

Овен Љубов: Ако сте млади или слободни, не двоумете се пред личност која ви испраќа …