Инфлуенца и коронавирус: Како да се заштитите!  Споредба на двете болести, заеднички симптоми, мерки и вакцина против сезонски грип

Повеќе од половина година од првиот регистриран случај на Ковид-19 во нашата земја, половина година од екстремно детални истражувања, студии и тестови, можеме да кажеме дека иако се слични, коронавирусот и сезонскиот грип се радикално различни болести.

Ова е забележливо по самата споредба на двете болести. И двете се заразни вируси кои го напаѓаат респираторниот систем, но да не заборавиме дека Ковид-19 се шири полесно и има поголема стапка на смртност од сезонскиот грип.

Најчестите симптоми на сезонскиот грип се кашлица, треска, суво грло, затнат или растечен нос, болки во мускулите и замор. Понекогаш може да се појават и дијареа и повраќање, во зависност од имунитетниот систем на личноста која е нападната од вирусот. Повеќето луѓе заразени со сезонски грип оздравуваат за околу 2 недели. Но, за голем број луѓе вирусот значи и компликации по здравјето, како пневмонија и останати респираторни проблеми.

Со Ковид-19, се’ уште немаме целосно разбирање и толкување на значењето на симптомите. Различни пациенти забележуваат различни симптоми, кои варираат од многу благи до многу сериозни. Помеѓу нив се треска, сува кашлица, отежнато дишење. Некои други пациенти пријавуваат симптоми како болки во мускулите, главоболки и суво грло. Се’ поголем е бројот на пациенти кои го губат сетилото за вкус и мирис, што е нешто ново и различно од симптомите кои ги знаевме досега за вирусите кои го напаѓаат респираторниот систем, како инфлуенца.

Ризични групи

Луѓето над возраст од 60 години, како и оние со наследни болести – срцеви проблеми, заболувања на белите дробови и дијабетес, имаат поголем ризик од комликациите кои ги предизвикува Ковид-19, за разлика од помладите луѓе и оние без наследни и хронични болести.

Кај децата, оваа ситуација е малку поразлична, но ова може да се потврди само со напредокот на научните сознанија кога е во прашање Ковид-19. Најмладите имаат големи шанси да доживеат компликации од вирусот, но не од веќе потврдената форма на коронавирус. Засега, информациите на оваа тема се многу оскудни и токму затоа не можат да се донесат тврди заклучоци.

Како да се заштитите себеси? 

Со сезонскиот грип, како и со Ковид-19, експерите советуваат да ги миете рацете што почесто со сапун и вода, да избегнувате допири на носот и да избегнувате контакт со луѓе кои знаете дека се болни или имаат симптоми. Секако, препорачливо е да останете дома ако се чувствувате болни за да го спречите ширењето на заразата. Редовна дезинфекција на предметите кои најчесто ги допирате и површините кои ги користите исто така е добар начин да се заштитите.

За да се заштитите од Ковид-19, експертите препорачуваат носење маска во затворени простории и одржување на социјална дистанца – да се стои на раздалеченост од барем 1,8 метри од останатите луѓе во вашата околина.

Вакцина

Како што веќе знаеме, целиот свет работи напорно на наоѓање на лек за коронавирусот и уште поважно – на вакцина која ќе работи ефективно. Засега, немаме избор освен да чекаме одредена вакцина да биде дозволена за масовна употреба.

Добрата вест е дека постои начин да се заштитите од сезонски грип, бидејќи вакцината за него постои со години. Експерите советуваат дека сите, а особено луѓето од ризични категории, треба да бидат вакцинирани против инфлуенца.

Во целата сериозност на ситуацијата со кризата предизвикана од Ковид-19, да не заборавиме дека можеме да се заштитиме од сезонскиот грип и да ги потсетиме нашите најдраги да го направат истото. Бидејќи ако постоеше одобрена вакцина против коронавирусот, сигурно ќе се вакциниравме, па ајде да го направиме истото за сезонскиот грип.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Во најубавиот европски воз, сите ги исклучуваат телефоните

Возењето со најлуксузниот воз во Европа трае осум часа, почетна точка е Цермат, последна Св. …