Во Москва строги мерки поради епидемијата на корона: За новогодишната ноќ сите ресторани ќе бидат затворени

На новогодишната ноќ сите ресторани во Москва ќе бидат затворени, изјави шефот на Одделот за трговија и услуги на рускиот главен град, Алексеј Немерјук.
„Новата година ќе дојде, нема да исчезне никаде, ќе се појави на 31. декември, но за жал, очигледно, во нешто поскромен формат. Повеќето ресторани нема да работат навечер, поточно, не повеќето туку сите“, прецизираше Немерјук за „Русија 24“.
Според него, исто така, не е планирана програма за култура во рестораните.
„Во суштина, ќе може да се слави Новата година на 31 декември и 1 јануари и другите денови во сите ресторани во Москва, но со исклучок на ноќното време“, додал Немерјук.
Според него, не се зборува за целосно затворање на рестораните во рускиот главен град.
Претходно, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, воведе дополнителни мерки поради пандемијата на коронарниот вирус. Меѓу другото, од 23.00 до 6.00 часот е прекинато обезбедувањето услуги за угостителство (ресторани, кафулиња, барови). Ова нема да важи за испорака.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Студентка го снимила домот во кој живее – не е тешко да се види зошто призорот многумина шокирал

ПО напорниот работен ден, нема ништо подобро од одмор на столче на балконот и земање …