(ВИДЕО) Хаос на изборите во САД: После една недела пронајдени повеќе од 150. нови кутии со гласови

Во Порторико се пронајдени повеќе од 150 непребројани гласачки кутии.
Претседателот на Државната изборна комисија на Порторико, Франциско Росадо Коломер, истакнал дека пронајдените кутии биле „лошо организирани“ од трезорот.
До денес, не е познато колку гласачки ливчиња се затворени во тие кутии.
„Морам да им кажам на луѓето од Порторико да веруваат во транспарентноста на процесот, дека сите гласови ќе бидат преброени тука … Вашиот глас има тежина и е важен за Комисијата“, рекол Коломер.

Веста доаѓа една недела по 3. ноемвр, кога се одржаа изборите во САД и откако Државната изборна комисија на Порторико на својот изборен портал во 2020 година тврдеше дека биле преброени 100% од гласовите.
Сепак, треба да се нагласи дека граѓаните на Порторико немаат право на електор на претседателските избори во САД.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА – НЕМА ПОЧИНАТИ ЛИЦА: Денеска се регистрирани 72. нови случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …