(ВИДЕО) Куче го спасило сопственикот од сигурна смрт: Овој златен ретривер е вистински херој!

Не се вели без причина дека кучето е најдобар пријател на човекот
За кучињата се вели дека се најдобри пријатели на човекот, но понекогаш тие можат да бидат и многу повеќе од тоа. Понекогаш спасуваат животи, но и домови на нивните семејства. Погледнете како едно куче му го спасило животот на сопственикот.
Еден златен ретривер бил прогласен за вистински херој кога му донел брза помош на сопственикот кој се онесвестил.
Сопственикот на кучето паднал во преполната уличка во Јунченг во кинеска провинција. Минувачите кои биле таму повикале брза помош, но она што го снимила камерата од брзата помош било навистина неверојатно.

Верното куче стоело на среде улица и чекало помош. Кога ја видел брзата помош, кучето им пришло, а потоа истрчало во правец кон местото каде лежел сопственикот, свртувајќи се неколку пати за да види дали го следат, а потоа побрзал.
Работниците на брзата помош, следејќи го кучето, дошле кај сопственикот и му помогнале.
Се испостави дека брзата реакција му го спасила животот на мажот и да не беше кучето, можеби немаше да го пронајдат за толку кратко време.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Во близина на брегот на Шпанија уловиле риба тешка повеќе од еден тон

Научниците во Шпанија пред неколку дена, за време на пловидбата, уловиле риба со тежина од …