Шест, на сите достапни, намирници кои се одлични за јакнење на имунитетот

НИКОГАШ нема подобро време да се усвојат нови здрави навики. Промената на вашата исхрана може значително да го зајакне вашиот имунитет ако знаете која храна да ја вклопите во вашето дневно мени.
Здравата исхрана ќе ве снабди со сите хранливи материи, а за метаболизмот да функционира правилно, добро е да вклучите и вежбање.
Доколку сакате да ја намалите можноста од заразување со вирусот за време на студената сезона, збогатете го вашето мени со овие суперхрана.

Куркума


Куркумата содржи моќни антиоксиданти и антиинфламаторни својства. Сепак, тоа е исто така познато по своите антифунгални, антибактериски и антивирусни ефекти.

Ѓумбир


Ѓумбирот е полн со стотици фитохемикалии, вклучувајќи бета-каротен, капсаицин, кофеинска киселина, куркумин и салицилати и има заштитен ефект од стрес и пад на работата на мозокот.

Цитруси


Лимон, портокал или грејпфрут, што и да изберете – нема да погрешите. Агрумите се богати со витамин Ц, а за потребната доза на растителни влакна најдобро е да се изеде цела овошка. Еден портокал со средна големина обезбедува околу 70 мг витамин Ц, а грејпфрутот околу 90 мг.

Лук


Лукот е добро познат по тоа што има силни антибактериски и антипаразитски својства и го зајакнува имунитетот.

Авокадо


Авокадото обезбедува скоро 20 основни хранливи состојки, вклучувајќи влакна, фолна киселина, витамини од групата Б, калиум и витамин Е.

Темно чоколадо


Темното чоколадо содржи фитонутриенти наречени флавоноиди, кои се растителни хемикалии кои делуваат како антиоксиданти и се важни во превенцијата од рак, здравјето на срцето и слабеењето. Растението какао, од кое се прави чоколадо, содржи соединение наречено теобромин, кое може да помогне во намалување на воспалението и потенцијално намалување на крвниот притисок.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ослободете се од проблемите со кожата со сода бикарбона – Доаѓа времето на комарците, а…

Сода бикарбоната има навистина чудесно дејство Иако сме навикнати да ја користиме во исхраната, таа …