(ФОТО) Роберт Дејвид Хол од серијата „ЦСИ“ го слави 73. роденден: Симпатичниот патолог не куца поради улогата – пред 40. години доживеал стравична несреќа па морале да му ги ампутираат и двете нозе!

И покрај сите несреќи што го следеле, sвездата на серијата „CSI“ најде време да ги инспирира другите.
Роберт Дејвид Хол е роден на 9. ноември 1947. година во Источен Оринџ, Њу Џерси. Студирал во гимназијата Тустин во Калифорнија и во 1971. година дипломирал англиска литература на УЦЛА.

 

View this post on Instagram

 

http://hechosyvidas.blogspot.com/2019/01/robert-david-hall.html

A post shared by Hernan Marcelo Diaz Vidal (@hechos_y_vidas) on

Најистакнат инвалид меѓу актерите
Во 1978 година, голем камион на 18. тркала удрил во автомобилот на Хал, на кој веднаш му експлодирал резервоарот за бензин. Хол бил толку изгорен што морале да му ги ампутираат двете нозе. Но, тој не се откажал и со помош на протези продолжил да глуми и во серијалот „ЦСИ“ глумеше во неверојатни 328 епизоди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robert David Hall ✔ (@robertdhall119) on

Повеќе семејни трагедии
Секогаш насмеаниот Хол, покрај неговата животна трагедија, проживеал и ментални болести и други тешки моменти од неговиот живот. Неговата мајка страдала од биполарно растројство, а неговиот најдобар пријател извршил самоубиство. Затоа, Хол многу од своето време инвестирал во специјални програми осмислени да го подобрат квалитетот на животот на лицата со попреченост и оние кои страдаат од ментални болести.

Друга една голема љубов
Освен актерството, музиката отсекогаш била дел од неговиот живот. Тој е врвен гитарист, а исто така добро свири на пијано, удиралки и мандолина. Како млад човек бил популарен диџеј во Лос Анџелес. Неговиот музички талент беше алудиран неколку пати во ЦСИ кога неговиот лик, д-р Ал Робинс, пееше за време на обдукцијата. Тој исто така настапи со својот бенд во најпопуларното ток-шоу на Џејмс Корден „The Late, Late Show“.
Пред десет години, тој конечно реши да го сними својот деби албум со симболичен наслов ‘Things They Don’t Teach You In School’’, но причината е повеќе од тажна, сознанието дека неговиот брат заболел од рак.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Нова жртва на корона: Почина актерот Љупчо Тодоровски – Упа

Со непребол колегите се простуваат од својот колега Љупчо Тодоровски – Упа кој на 65. …