Новак Ѓоковиќ
Ѓоковиќ не сака да го етикетираат како веган, но тој е страствен кога станува збор за здравата храна. Во 2016 година го отвори ресторанот Eqvita во Монте Карло. Станува збор за растителен ресторан во кој се служат шарени медитерански оброци.
“Со години јадам храна на растителна основа. Мислам дека тоа е една од причините што брзо се опоравувам. Немам повеќе алергии што ги имав”, открил тој.
Скот Јурек
Ултрамаратонецот Скот Јурек не се двоуми многу кога ќе го прашате која е тајната на неговата издржливост. Одговорот е – во здрава исхрана.
Тој израснал на компири и месо, а за време на студиите се запознал со историјата на хронични болести во неговото семејство и започнал да јаде само храна од растително потекло.
Нејт Дијаз
ММА-борецот е веган од 18. На тоа го охрабрил неговиот брат, поранешниот шампион Ник Дијаз.
View this post on Instagram
“Мислам дека си попаметен и поинтелигентен борец откако ќе станеш веган. Јас и брат ми веќе долго време сме во врвот на играта, па очигледно е дека правиме нешто добро”, изјавил тој еднаш за Men’s Journal.