Минаа деновите кога фитнес силата се поврзувала со јадење месо. Некои истражувања го поддржуваат тврдењето дека исхраната на база на билки, вклучително и веганството, може да ги подобри атлетските перформанси. Не верувате во тоа? Еве неколку имиња од светот на спортот кои се откажаа од месото и тврдат дека својот успех го должжат на веганството.
Луис Хамилтон
Ѕвездата на Формула 1 се сврте кон веганството од љубов кон околината. Она што тој не го очекуваше е колку тоа ќе влијае на неговите способности. Тој вели дека веганството целосно му го сменило животот.
„Јас сум физички во подобра форма од кога и да е и поуспешен, а планот за исхрана играше голема улога во тоа“, рекол тој за британското издание на списанието Men’s Health.
Венус Вилијамс
Вилијамс се сврте кон веганска исхрана откако во 2011 година дозна дека има автоимуно заболување, Сјогренов синдром, кој се карактеризира со сувост на устата, очите и другите мукозни мембрани.
Заедно со нејзината сестра Серена, таа внесе многу сирова храна и смути во нејзината исхрана.