Пластичните хирурзи имаат полни раце работа и во време на корона

Американските пластични хирурзи имаат полни раце работа, без оглед на пандемијата. Многу sвезди се одлучуваат на третмани за подмладување и затегнување токму сега, бидејќи имаат време да се опорават по третманот. Сега кога снимките се масовно откажани, лузните можат полека да зараснат.
„Звучи неверојатно, но тоа е вистина – пандемијата на коронарниот вирус и карантинот кај некои познати луѓе доаѓаат како Божиќни празници“, рекол пластичниот хирург, д-р Тери Дубров за порталот ТМЗ.


„Постојано нè повикуваат, особено од Беверли Хилс, од sвездите и оние кои се во добра состојба. Многумина сакаат фејс лифтинг додека не снимаат филмови за да можат да се опорават и никој да не може да ги открие“, изјавил козметичкиот хирург.
Дубров додал дека на sвездите кои го повикуваат им кажува да бидат „паметни“ и да се одлучат за третман со ботокс или хијалуронски филер, наместо за лифтинг. Тој ги предупредил идните пациенти дека, дури и ако се одлучат за постапка за разубавување, мораат да внимаваат да немаат треска или други симптоми на болеста што го мачи светот, како и да не бидат во контакт со некој што неодамна патувал.

Американскиот пластичен хирург д-р Пол Насиф се согласува со изјавата на д-р Дубров, додавајќи дека ботоксот и хијалуронските полнила се многу подобра опција од лифтинг за оние кои сакаат да поминат третман за разубавување за време на корона пандемијата, бидејќи тие бараат минимален престој во клиникат, околу 20 минути, а со тоа се намалува можноста од инфекција.

Ботокс и хијалуронски полнила станаа хит во Холивуд затоа што за овие третмани закрепнувањето трае најкратко време, а ѕвездите можат да ги сокријат своите траги носејќи маски по естетските зафати. Тука е и неизбежното „вампирско дотерување“, кое го прослави ријалити sвездата Ким Кардашијан.


Тоа е неинвазивен третман, без скалпел, во кој се извлекува крвта на пациентот, а специјална центрифуга ја одделува крвната плазма, која е полна со матични клетки и фактори на раст. Плазмата на крвта потоа се става во лицето, деколтето, вратот и рацете со тенки игли. Човечката плазма содржи протеини кои го стимулираат и забрзуваат процесот на регенерација на ткивата. Истиот процес исто така ја обновува кожата и ги пегла брчките ослободувајќи колаген во третираната област. Потребни се три третмани во интервали од еден месец за ефектот на лифтинг да трае една година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ослободете се од проблемите со кожата со сода бикарбона – Доаѓа времето на комарците, а…

Сода бикарбоната има навистина чудесно дејство Иако сме навикнати да ја користиме во исхраната, таа …