НАРУШУВАЊА ВО ИСХРАНАТА – БОРБАТА НА ЕДНА ДЕВОЈКА: „Девет години внесував само 150 калории дневно!“

Дури кога нејзиното тело и мозок биле скоро целосно изгаснати, 25-годишната Саша Рив од Мелбурн се обидела да одолее на нејзиното нарушување.
Саша, студентка по глума и дадилка, имала само 16. години кога станала заробеничка на своето тело и започнала да избегнува храна. Од средно училиште, во следните девет години, таа дневно во организмот внесувала брокула во мало чинивче, подготвена на пареа, половина „Пепси“ и пушела една кутија цигари.
Тоа е вкупно помалку од 150 калории. Саша ослабнала 35. килограми и имала анорексија и булимија.
Со текот на годините нејзината здравствена состојба се влошувала. Таа завршила во брза помош каде што се обиделе да ја охрабрат да побара помош и да започне да јаде. И’ тогаш таа го негирала својот проблем и не разбирала зошто е во болница, ја молела нејзината мајка да ја однесе дома, но мајката решила да не се откажува. Таа околу една недела чекала за место во болницата што третира нарушувања во исхраната.


Кога ја испратиле на кардиолог, тие веднаш ја ставиле на интензивна нега затоа што срцето почнало да и откажува. Нејзиното нарушување довело до гаснење на организмот и таа повеќе не можела да ги препознава лицата околу неа, не можела да зборува, чита, пишува.



Дури кога била примена на рехабилитација на Клиниката „Бајрон Беј“, сфатила дека коренот на нејзиниот проблем е менталното здравје.
Нивото на шеќер во крвта бил толку мал што вработените не можеле да ја остават сама кога ќе и донеле да јаде круша, па обезбедувањето стоело покрај неа додека не ја изџвака и проголта.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(АУДИО СНИМКА) ШОК! Протече СНИМКАТА од брза помош откако Болдвин ја усмртил колешката – Жена вреска и го обвинува ОВОЈ ЧОВЕК!

Слушнете што рекла помошничката сценарист! Невидена трагедија на филмскиот сет се случи кога актерот Алек …