Постојат намирници кои го забрзуваат метаболизмот и поттикнуваат слабеење. Ако планирате диета, обидете се да јадете повеќе за да побрзо изгубите тежина. Вистинската храна ќе ви помогне да изгубите тежина и да го намалите незадржливиот глад.
Ви донесуваме 3 намирници кои ќе ви помогнат да ослабете:
Јаболко
Едно јаболко на ден ве одржува витка. Луѓето кои јадат јаболко пред вториот оброк, конзумираат помалку калории отколку оние кои се одлучуваат за друг вид закуска. Покрај тоа, антиоксидансите во јаболката можат да спречат метаболен синдром, состојба која се карактеризира со вишок маснотии.
Тестенини од хељда
Заменете ги обичните тестенини со тестенини од хељда и во секое време ќе можете да влезете во тесните фармерки. Хељдата е богата со растителни влакна и за разлика од повеќето јаглехидрати, содржи протеини. Варате ја како оризот, покриено и на тивок оган и комбинирајте ја со брокула, моркови, печурки и кромид.
Ситно овошје – бобинки
Сите бобинки се добри за вас, но сините се меѓу најдобрите. Имаат најмногу антиоксиданти од сето овошје што нормално го консумираме и содржи 3,6 грама влакна по чаша. Наместо да додадете овошје во житарките, наполнете го садот со боровинки, а потоа додадете ги житарките и јогуртот или млекото на крајот.