(ВИДЕО) Полициско Ламборџини превезува бубрег за трансплантација

Брзината во функција на спасување живот.
Полициското Ламборџини Хуракан пристигнало од Падова до Рим за помалку од три часа, со просечна брзина од 230км/ч.
Италијанската полиција веќе неколку години во својата флота има Ламборџини Хуракан, што можеби на прв поглед делува како непотребно, но оваа вест го потврдува спротивното.
Моќниот автомобил со V10 мотор кој произведува 610 коњски сили се користи за специјални задачи, а една од нив е токму оваа, која е реализирана на 5. ноември.
Тогаш полицајците добиле задача со Ламборџинито да транспортираат бубрег за трансплантација од Падова до Рим.
Здравствените работници процениле дека најдобар начин за транспорт е токму во брзиот полициски автомобил. Инаку овој Хуракан има фрижидер и дефибрилатор во багажникот во предниот дел од возилото.
Патувањето од Падова до Рим обично трае пет часа, но полицискиот тим пристигнал за помалку од три часа, со просечна брзина од 230 км/ч.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МИРУВАЛА НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ – Јосипа Лисац за нарушеното здравје: „Се уште сум далеку од излекување“

Музичката дива Јосипа Лисац за време на гостувањето во емисијата „РТЛ Директ“ проговорила за своето …