(ФОТО) Сопругата на легендарниот водител,Алекс Требек, ги открила неговите први симптоми на рак на панкреасот

АЛЕКС Требек, комичар, актер и водител на популарниот американски ТВ-квиз „Jeopardy“! (Предизвик!), почина на 81-годишна возраст.
Лекарите сè уште не ја потврдија официјално причината за смртта, но Требек во март 2019 година откри дека му бил дијагностициран рак на панкреасот во фаза 4. На почетокот на годината тој се збогуваше со квизот поради болест.

Неговата сопруга Џин во август открила кога забележала дека нешто не е во ред со Алекс. Во една статија за „Guideposts “, таа напишала дека по вечерата, за време на патувањето во Израел, забележала дека не е „свој“.
„Го прашав дали е добро, тој го смени тенот. Тој не е тип на човек кој би се жалел, но тогаш призна дека имал болка во стомакот. Мислев дека причината е нешто што го јадеше затоа што сме во друга земја”, напишала таа.
Но, неговата состојба не се подобрила ниту кога се вратиле дома во Калифорнија. По неколку прегледи, лекарот рекол дека е загрижен и го испратил Алекс на КТ скен. Потоа му бил дијагностициран рак на панкреасот во фаза IV.
“Мојот свет се сруши. Се прашував колку време имаме”, додала Џинн, истакнувајќи дека не се забележани други симптоми.

 

View this post on Instagram

 

RIP Alex Trebek. A true, true gentleman and courageous hero. May flights of angels sing thee to thy rest 💛

A post shared by VIOLA DAVIS (@violadavis) on

Поинаквата боја на лицето, што Џин ја забележа кај нејзиниот сопруг, навистина може да биде еден од првите симптоми на рак на панкреасот. Американското здружение за карцином (АЦС) наведува дека жолтите очи и кожата се еден од првите симптоми на рак на панкреасот. Жолтицата е предизвикана од акумулација на билирубин, темно жолта супстанца што се произведува во црниот дроб. Под нормални околности, црниот дроб ослободува жолчка која содржи билирубин. Жолчката во цревата помага во разградување на маснотиите, но ако жолчниот канал се блокира, како во некои случаи на рак на панкреас, жолчката не може да стигне до цревата, па билирубинот се акумулира во телото.
Кога ракот на панкреасот се шири, тој обично оди во црниот дроб, велат од АКС.
Важно е да се нагласи дека ракот на панкреасот не е најчеста причина за жолтица. Камења во жолчката, хепатитис и други болести на црниот дроб и жолчните канали се „многу почести“, вели АКС. Ако имате жолтица, добро е да се консултирате со вашиот лекар за да ја утврдите причината што е можно поскоро.
Инаку, симптомите на карцином на панкреас може да не се појават веднаш, па дури и кога ќе се појават, тие можат да бидат нејасни или незабележителни.
Џин истакнала дека парот направил некои промени во животниот стил откако ја дознале дијагнозата на Алекс. Тие ја намалиле потрошувачката на шеќер и се префрлиле на вегетаријанска исхрана.
“Одевме на кратки прошетки ако Алекс беше расположен. Вечеравме заедно, гледавме комедии на ТВ. Понекогаш едноставно седевме во лулашка во задниот двор и се нишавме знаејќи дека сме сакани”, заклучила Џин.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Нова жртва на корона: Почина актерот Љупчо Тодоровски – Упа

Со непребол колегите се простуваат од својот колега Љупчо Тодоровски – Упа кој на 65. …