(ВИДЕО+ФОТО) ГЛАСИНИ – МЕЛАНИЈА ГИ ОДБРОЈУВА МИНУТИТЕ ДО РАЗВОДОТ! Бившата соработничка открива: „Не може да дочека, нивниот брак е листа трансакција!“

Меланија Трамп ги одбројува минутите до разводот од Доналд Трамп, сегашниот претседател на Соединетите држави, со цел конечно да се стави крај на нивниот 15-годишен „трансакциски брак“, пренесуваат британските таблоиди.
Поранешната соработничка Омароса Маниго Њуман открила дека нивниот брак е во криза подолго време: „Меланија ја брои секоја минута до неговото заминување од Белата куќа за да побара развод. Ако најдеше начин да го понижи и да го остави за време на неговиот мандат, тој ќе најдеше начин да ја казни…”.
Како што тврди, Меланија била очајна во 2016. година, кога Трамп победил на претседателските избори во Америка, бидејќи не можела ниту да претпостави дека ќе победи.


Исто така, таа не му се придружила веднаш во Вашингтон, туку чекала 5. месеци, наводно, нивниот син Барон да го заврши училиштето.
Сепак, друга нејзина поранешна асистентка, Стефани Волкоф, тврди дека првата дама планира да се разведе и да преговара со цел Баронот да добие еднаков дел од богатството на Трамп.


Волкоф исто така тврди дека сопружниците цело време спиеле во посебни простории и дека нивниот брак бил чиста „трансакција“.
Инаку, Трамп претходно беше два пати во брак, а втората жена Марла Мејплс се обврзала дека нема да објавува критички книги или ќе дава интервјуа за него, а се сомнева дека и Меланија ќе го стори истото.
Медиумите често укажуваа на тоа колку се блиски Меланија и Трамп во јавноста, а првата дама неколку пати е снимена како таа ги одбива неговите допири или обиди да и ја фати раката.



Да потсетиме, Трамп се ожени со Ивана Трамп во 1977. година, со која имаше два сина и ќерка, а таа врска заврши во раните 90-ти, кога ја запозна манекенката Марла. Парот се венчаа во 1991. година и ја добија ќерката Тифани, но бракот траеше до 1997. година. Тој ја запозна Меланија една година подоцна и со неа се ожени во 2005. година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Тони Цетински бил на трансплантација на коса, СЕ’ објавил на Инстаграм

ТОНИ Цетински објави на Инстаграм дека решил да направи трансплантација на коса. „Одамна имам желба …