(ФОТО) После 14. синови и 27. години брак конечно добиле ќерка

Прво дошла љубовта, проследена со брак, па првиот син, па уште 13. пати по син, и потоа конечно – ќерка.
Цела Америка зборува за парот од Мичиген, Катери и Џеј Шванд. Нивната ќерка Меги Џејн се родила во четвртокот, а ја пречекале 14. браќа.
„Едноставно сме среќни што Меги Џејн стана дел од нашето семејство. Оваа година ќе остане врежана во нашата меморија од толку многу причини, но Меги е најголемиот подарок што можевме да го добиеме“, изјавил воодушевениот татко Џеј (45), пренесува Detroit Free Press..
Меги Џејн го добила името по двајцата нејзини родители – средното име на Кетрин е Маргарет, а Џејн потекнува од името на Џеј.
Парот веќе има 14 сина: Тајлер, Зак, Дру, Брендон, Томи, Вини, Калван, Гејб, Весли, Чарли, Лук, Такер, Франциско и Финли, кои имаат од две и пол до 28. години.


„Моите родители конечно беа благословени со ќерка за која мислеа дека никогаш нема да ја имаат. Тие веќе се откажаа. Поминаа 12 часа, како што ни рече татко ми, и сè уште не можам да се навикнам на помислата дека имам сестра“, рекол најстариот Тајлер.
За мајката Катери, 15. деца не претставуваат проблем, бидејќи таа самата има 13. браќа и сестри. Таа е во врска со Џеј уште од средно училиште, се венчале во 1993. година и првите три сина ги имале пред двајцата да завршат факултет.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЧЕСТИТКИ: Сара Климоска во Берлин ја прими наградата „Европски актер во подем“

Македонската актерка Сара Климоска вчера во Берлин ја прими наградата „Европски актер“ во подем за …