(ФОТО) ПОВТОРНО ХАОС ВО ТЕНИСОТ: И’ повторно е јасно дека Новак бил во право

Да, претседателот на АТП, Андреа Гауденци, најавил повик до Новак Ѓоковиќ за решавање на конфликтот, но се чини дека ќе има уште многу работа да ги смири тензиите во светскиот тенис.

Причината за идејата за разговорот е одлуката на најдобриот тенисер во светот да се повлече од Советот на играчи и да иницира формирање на ново здружение.
Тоа наиде на спротивни реакции, Рафаел Надал и Роџер Федерер не сакале да учествуваат во тоа, но има и многу играчи кои сакаат.
И се чини дека ги има сè повеќе.
Гласот го крена и 441-от тенисер во светот, Гастао Елијас, кој беше огорчен поради неодамнешната одлука на АТП.
Врвната организација одлучила да ги намали наградните фондови за квалификациите и воведните рунди на натпреварувањето под нејзино покровителство и да ги зголеми за завршницата на турнирите.

АТП го објасни сето тоа  со зборовите дека тоа е барање на тенисерите.
„Му благодарам на АТП за објаснувањето, сигурен сум дека тоа беше барање од тенисерите. Патем, кои тенисери? “, изјавил Елиас.
И тогаш го спомнал српски тенисер.
„И’ луѓето сè уште се прашуваат зошто Новак основа друга организација на играчи“, истакна Елиас.
Португалскиот тенисер Гастао Елиас, кој е 441. на АТП листата, на својот Твитер објавил доверливи информации од средбите меѓу играчите и АТП, а потоа ги избришал само неколку минути подоцна – свесен дека тоа ќе предизвика големо внимание.
Сепак, обожавателите навреме ги копирале деталите на документот, а американскиот новинар Бен Ротенберг ги доближил до јавноста тие детали објавувајќи ги на својот Твитер профил.

Што навистина значи сето ова?
Советот на играчи гласал за промена на паричните награди на турнирите, така што наградата во квалификациите и претходните рунди се намалува, а се зголемува во подоцнежните, а сето тоа наводно било барање на самите играчи. Ова значи дека тенисерите од понизок ранг, кои инаку работат без тренер и тим што ќе им го олесни учеството на турнири, а патем заработуваат малку, дополнително ќе бидат загрозени.
Очигледно е дека оние со подобар пласман сакаа да се обезбедат за секој денар, а при тоа тие мислеле исклучиво на сопствените потреби, а не на целиот тениски свет.


Бидејќи тие се борат за свои интереси – Гастао Елиас објаснил дека во последно време вревата околу Ѓоковиќ се појави токму затоа што тој основал нов тениски сојуз кој ќе се залага за истите вредности.
Затоа најдобриот тенисер во светот е честа мета на напади од неговите колеги.
Актуелен претседател на Советот на играчи е Кевин Андерсон, а тука се и Рафаел Надал, Феликс Огер-Алиасим, Џон Милман, Џереми Шарди, Енди Мареј и други.


На спротивната страна е Роџер Федерер, па дури и тениската легенда Мартин Навратилова.
“Очигледно дека сме во тежок и комплициран период за сите играчи. Ние сме во мрак од крајот на јули и не знаевме дали воопшто ќе се игра тенис. За многумина беше фрустрирачки. Јас и самиот бев тенисер и знам како се чувствуваат играчите и како размислуваат. Ние ги слушавме сите нивни забелешки “, рекол првиот човек на АТП и рече дека е крајно време за обединување.
Сега останува да видиме што ќе се случи понатаму, но едно е сигурно – Новак нема да се откаже да ги турка своите идеи до крај. Како и многу пати претходно.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Супер лигата останала без половина клубови: „Подготвуваме нов модел на натпреварување, одиме понатаму!“

Шесте преостанати клуба од фудбалската Супер лига во текот на ноќта соопштиле дека ќе продолжат …