(ФОТО) Пицерија во Кочани за пример во градот: Секој понеделник бесплатно ќе доставува пици и пастрмајлии на загрозени семејства

Пицерија во Кочани започна иницијатива со обезбедување на ручек за загрозени семејства во градот. Почнувајќи од понеделник пицеријата ќе доставува по две пици и две пастрмајлии за ручек за да им помогне на барем три семејства. Од пицеријата замолуваат за контакт од семејствата на кои им е потребна ваква помош!

„Драги пријатели,
Ве известуваме дека почнуваме иницијатива со која сакаме во овие кризни и тешки времиња да обезбедиме ручек за загрозени семејства.
Почнувајќи од понеделник, па така и секој нареден понеделник, Пицерија Аквариум ќе доставува по 2 пици и 2 пастрамајлии за ручек на 3 семејства, сè со цел што помалку наши сограѓани да останат без основната човекова потреба, а тоа е храната. Воедно ги повикуваме и другите ресторани, пицерии, сендвичари да се приклучат на оваа иницијатива со цел да успееме барем малку да помогнеме во овие тешки времиња.
Ве молиме пратете ни информации за семејства на кои им е потребна ваква помош!“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) СРЕЌНО СЕМЕЈСТВО: Алек Болдвин на премиера дошол со сопругата и шесте деца!

Алек Болдвин (63) и неговата сопруга Хиларија (37) присуствуваа на премиерата на неговиот нов филм …