(ФОТО) Млада инфлуенсерка шокирала со дијагнозата: „Одев со рак на ногата!“

21-годишна британска ријалити sвезда и инфлуенсерка Моли-Меј Хејг открила дека младежот кој неодамна и го отстраниле од ногата бил канцероген.
Таа покажала сè на видео на ЈуТјуб. Докторот преку телефон и рекол дека станува збор за малигнен меланом, а Моли плачела кога ја слушнала веста. „Одев со рак на кожата на ногата“, им рекла инфлуенсерката на нејзините придружници потоа.


Веста ја дознала додека била на службено патување во Италија. Младежот го забележала нејзината мајка на екранот, додека Моли сè уште била во реалното шоу Остров на љубовта.

 


View this post on Instagram

 

When you have that much hair it has to sit in your pocket 👩🏼

A post shared by MOLLY-MAE (@mollymaehague) on

21-годишната девојка потоа отишла на низа контроли, а двајца дерматолози и рекле дека нема за што да се грижи. Но, таа одлучила да побара трето мислење бидејќи, како што вели, „чувствувала дека нешто не е во ред“. Биопсијата на крајот покажала дека станува збор за малигнен изасток.
“Јас дури и не знам што да мислам или да кажам. Не можам да верувам дека другите лекари ми рекоа дека е во ред. Јас сум толку вознемирена и лута”, рекла Моли откако дознала за дијагнозата и ги повикала сите да ги проверат младежите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Андреа се надева дека ќе ја претставува нашата земја на Евровизија со Circles

Circles се вика песната на Андреа која влезе во најтесниот круг од 6. песни за …