Со диетата од 9. дена на славната Маргарита Королева загубете 10. килограми: Еве и како никогаш да не ги вратите!

Нутриционистката Маргарита им помогнала на многу славни личности конечно да ја средат својата линија
Нутриционистката Маргарита Королева развила техника за слабеење која им помогна на многу sвезди на шоу-бизнисот да ослабат. Дали сте подготвени сами да ја тестирате?
Деветдневната диета на Маргарита Королева е еден од најпопуларните и најефикасните методи за слабеење. Во суштина, тоа е синџир од три моно диети кои се следат една со друга. Ве предупредуваме веднаш: нема да биде лесно за оние кои се навикнати да уживаат во слатки и ќебапи. Но, за оние што ќе се снајдат, ефектот е загарантиран – може да изгубите до 10 килограми!
Препорачана зачестеност: Диетата е прилично строга, така што може да се примени најмногу еднаш во 6. месеци, додека планот за исхрана со ориз може да се користи за денови на пост.
Дополнителни ефекти: чистење на цревата, лесна транзиција кон правилна исхрана по завршувањето на диетата.
Главните правила на диета на Маргарита Королева
Јадете храна во мали оброци, додека се препорачува да јадете често, без да правите подолги паузи за глад
Многу е важно да се одржува рамнотежата на водата за време на диетата – пијте 2,5 литри вода на ден
Водата мора да се пие половина час пред оброк, или еден час подоцна
Последниот оброк треба да биде пред седум часот навечер, по што можете да пиете само вода
Исхраната е променлива, но некои јадења и пијалоци се строго забранети – тоа се алкохолни, газирани и слатки пијалоци, сол, зачини, дури и природни
За подготовка на храна се користат најздравите методи на обработка – варење, динстање, печење, варење на пареа.


Прејадувањето е строго забрането!
Диетата е наменета за луѓе со поактивен животен стил.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Нова жртва на корона: Почина актерот Љупчо Тодоровски – Упа

Со непребол колегите се простуваат од својот колега Љупчо Тодоровски – Упа кој на 65. …