(ВИДЕО) Совршена комбинација : „Трепет“ е новата песна на Sarah Maceи Eye Cue

Дружењето и музиката си го направија своето, споија уметници кои створија едно  музичко дело за уживање во овие есенски денови. Sarah Mace и Eye Cue снимија заедничка песна и уникатен видео спот. Песната е насловена како „Трепет“, за како што велат тие, да влезат со трепет во есента.

Песната е на Сара и е настаната пред неколку години, кога на Макфест е изведена од Тања Би, со аранжман на Дамир Имери. Идејата да се направи соработка за неа потекнала од Бојан, а премиерно е отсвирена од Сара и Eye Cue на SkopjeUnplugged 2020.

„Бојан и Марија често пати ми зборуваа за оваа песна. Ова лето го искористивме слободното време кое што го имавме повеќе од вообичаеното, ја стокмивме „Трепет“ и ја отсвиривме премиерно на SkopjeUnplugged 2020. Ни се допадна изведбата и како сето тоа звучеше, па решивме да ја крунисаме со спот за да влеземе со трепет во есента. Ова е за сите оние кои што знаат да уживаат и се среќни со тоа што го имаат“, изјави Сара за настанувањето на „Трепет“.

Звуците на харфата на Сара и гитарата на Бојан даваат уникатен призвук кој смирува, а нивните гласови се совршена комбинација за целосно уживање во овие есенски денови.

Музиката и текстот на песната се на Сара, со заеднички аранжман на Бојан и Сара, а е снимана во „Подрумот“. Видео спотот го направи КристијанШемко, а е сниман на локации од убавините од село Бојанчиште.

Во продолжение слушнете ја „Трепет“ и погледнете го видео спотот:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Меланија Трамп со една фотографија ја открила вистината за разводот: Никој не го очекувал ова!

Се шпекулираше дека Словенката само чека погоден момент да го напушти, но сепак се чини …