(ФОТО) Истурена пита со спанаќ

Потребно е:
околу 300 г. исчистен спанаќ
2 јајца
100 г. свежо сирење или урда
50 г. кисела павлака
150 мл. јогурт
100 мл. млеко
1 шоља (од 200 г.) пченкарен гриз – палента
1/2 кесичка прашок за печиво
брашно по потреба
сол
масло
Подготовка: прво измијте го спанаќот, исечете го на тенки ленти и оставете да отстои 30. минути.Потоа исцедете го од водата.
Измешајте ги јајцата, киселата павлака, сирењето, јогуртот и млекото со малку сол. Во тоа додајте го исцедениот спанаќ, па пченкарното брашно, печиво и брашно по потреба) да се добие смеса која е малку погуста отколку за палачинки).Убаво измешајте.
Соодветна тава намачкајте со масло, наросете со брашно и истурете ја подготвената смеса.Ставете во рерна загреана на 200. степени и печете околу 30 – 40 минути.
Испечената пита извадете ја од рерна, покријте со крпа и оставете 5 минути да омекне.
Совет: во вакви пити слободно може да се додаде уште сирење, или повеќе павлака, спанаќ или пржен праз…Главно смесата треба да изгледа малку погусто отколку за палачинки и нема грешки.Питата ќе биде мека и вкусна.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ослободете се од проблемите со кожата со сода бикарбона – Доаѓа времето на комарците, а…

Сода бикарбоната има навистина чудесно дејство Иако сме навикнати да ја користиме во исхраната, таа …