(ФОТО) ЕКСТЕРИЕРОТ ОДЗЕМА ЗДИВ – Дефинција на раскошен минимализам: Во оваа куќа живеел Шон Конери!

Сега се продава за неверојатни 34 милиони долари
Прекрасната вила во Ница, Франција, која му припаѓаше на неодамна починатиот актер Шон Конери, сега е на продажба, а потенцијалните купувачи имаат можност да видат во каков луксуз уживал легендарниот актер во текот на животот.


Луксузна куќа на југот на Франција, оддалечена само 30 минути од Монако и Кан, служела како семејно гнездо каде што тој живееше со неговата сопруга, се додека пред 12 години не решиле да се преселат на Бахамите, каде актерот почина на 31. октомври.


Импозантната вила, која се простира на речиси 1.000 квадратни метри простор за живеење, опкружена со над 5000 квадратни метри прекрасен двор со поглед на тиркизно море, маѓепсува и’ со внатрешноста и со надворешноста.

Минималистичката, но луксузно уредена вила има осум спални соби, додека главната спална соба се протега на целиот последен, четврти кат и има две одделни бањи и простран плакар.

Во рамките на куќата има и две посебни вили за гости, со свои спални соби, трпезарии и други основни простории, додека во главната вила има се што ви треба за релаксација и забава – теретана, надворешен и затворен базен, сауна, винарска визба …


По смртта на Шон Конери, вилата доби дополнителна цена, па сега се продава за неверојатни 34. милиони долари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Сите благодети на кафето: Ги намалуваат шансите за рак, го подобруваат памтењето…

Умерената потрошувачка на кафе (до 4 филџани на ден) всушност го продолжува животот Иако честопати …