(ВИДЕО+ФОТО) Благој Нацоски со „лекција по историја“ на Слави.Т. Трифонов: „Баба ми ми раскажуваше за ‘време бугарско’ кога вие Бугарите бевте сојузници на Хитлер и Мусолини“

Познатиот македонски тенор кој долги години живее и работи во Италија се чини дека бил „убаво“ испровоциран од тврдењата на некои бугарски граѓани, особено од Слави Т. Трифонов, познато ТВ лице и му напишал лекција од историја за постоењето на Македонија и Македонците.


Подолу можете неговата „лекција“ да ја прочитате во целост:


– Почитуван Слави Т. Трифонов, баба ми покојна секогаш ми раскажуваше за два историски периоди кога била девојче: “за време српско” и “за време бугарско” мислејќи на српската окупација на Македонија до 1941 и потоа бугарската окупација од 1941 кога вие Бугарите бевте сојузници на Хитлер и Мусолини, факт од кој некако тешко ви оди да се засрамите а камоли да се извините за сите злосторства извршени врз македонскиот народ. Кога зборуваше за овие две окупации баба ми велеше дека и двете биле лоши но онаа бугарската била многу посурова.
Другата пак баба имаше сестра во Детроит преселена таму во 1930 година и омажена за Македонец од село Буф (Леринско) роден во 1898. Тие имаат 3 ќерки од кои две се родени пред втората светска војна а третата веднаш по војната. Трите ќерки се изјаснуваат и до ден денес како Македонки, бидејќи биле пораснати во тој дух, и тоа од родители родени околу 1900 година, кога според вашите политичари ние сме биле Бугари и нашиот македонски идентитет бил измислен од Тито во 1944. Да не должам многу бидејќи имам безброј сведоштва и документи (странски) за да ги побијам сите бугарски аргументи односно лаги, само сакам да ве корегирам: “Јовано, Јованке” која “седи крај Вардар” е МАКЕДОНСКА песна! 🇲🇰 Помирете се еднаш засекогаш, не сме “един народ”, освен фризурата и музиката јас и вие немаме ништо заедничко.
ПС. Терминот “северномакедонски” односно “северномакедонци” НЕ постои, информирајте се пред да зборувате неточности, не ви личи како ТВ личност!
И’, во продолжение му испејува дел од „Јовано, Јованке..“:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Тоше Проески и групата „903“ во досега необјавената песна „Марија“ од почетоците на неговата кариера

Вчера Тоше Проески да беа околностите поинакви ќе славеше роденден, а регионалните медиуми тоа го …