(ФОТО) Девојчиња во училиште во Сиднеј учат како да менуваат гума и масло на автомобил

Група тинејџерки во среднотучилиште во Сиднеј неодамна научиле вредни вештини. Според „Дејли меил“, 11 девојки на возраст од 16. до 17. години научиле што да прават во случај на сообраќајна несреќа, како да го проверат притисокот во автомобилските гуми и да го сменат маслото.

Идејата започнала да се развива кога компанијата „Галматик“, која ги учи жените за одржување автомобил, го контактирала средното училиште „Стела Марис“.


„Секоја година подучуваме до 100.000 тинејџерки во училиштата во сите делови на Сиднеј како да поправат автомобил и да им помогнеме на луѓето да се чувствуваат поудобно и побезбедно зад воланот. Нашите курсеви не се наменети само за тинејџерки“, рекла директорката на „Галматица“, Елена Митакос.


Помошникот директор на школото „Стела Марис“, Ејми Смит вели дека учесничките на работилницата се многу задоволни, како и нивните родители.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Видео од кражба кое никого не остава рамнодушен: ВАКА разбојникот се однесувал кон уплашената баба!

Видео за кражба во Бразил, кое никого не остава рамнодушен… Видеото, со скоро три милиони …