(ВИДЕО+ФОТО) Крв, пукање, паника: Потресни сцени од окупираната Виена

Во Виена синоќа се случија шест терористички напади, на различни локации во градот. Според австриската полиција, неколку лица биле убиени, а 15. биле тешко повредени. Еден напаѓач „се разнел“ додека трагал по преостанатите напаѓачи. Силни полициски сили ја опколија цела Виена.

Според градоначалникот на Виена, Михаел Лудвиг, по состанокот на Кризниот штаб, атентаторите пукале кон луѓето кои седеле во кафулињата во центарот на Виена.


Напаѓачите пукале кон гостите во еврејскиот ресторан, а најмалку седум од нив се во сериозна состојба. Според снимките што се појавија на социјалните мрежи, напаѓачите имале пушки.


На нападнатите граѓани им се укажувала поош и во рестораните.


Цела Виена била опкружена со силни полициски сили кои се обидувале да ги пронајдат преостанатите напаѓачи, а на граѓаните им било забрането да ги напуштаат своите станови. Синоќа, во гралвниот град на Австрија владеела голема паника.


Многу граѓани биле исплашени, а некои сè уште стравуваат дека нападите може да се повторат.


Набргу по серијата напади, полицијата започнала со потрагата по напаѓачите, од кои тројца се уште се во бегство.

Предупредуваме дека видеото е вознемирувачко

Група терористи која синоќа ги изврши нападите во Виена, наводно, се рпедала на полицијата.


Како што наведуваат медиумте во Австрија, четири терористи и се предале на полицијата.

На Твитер се појавила снимка од предавањето но автентичноста сеуште не е потврдена.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …