(ФОТО) Додека познатиот глумец се бори со канцер, во болницата прави смешни фотографии

“Ви благодарам на сите што ми се јавувате тука и ми испраќате пораки. Убаво е да се добијат сите оние силни убави желби и љубов. И понатаму ќе ви ја кажувам мојата состојба”, се обратил актерот од болничката соба, кому неодамна му беше дијагностициран лимфом (карцином на крв)
Американскиот актер, пејач и продуцент, Џеф Бриџис, кому неодамна му беше дијагностициран лимфом (карцином на крв), не се предаде во ниту еден момент, туку е оптимист во врска со болеста. Имено, оскаровецот и вети на својата публика дека, без оглед на неговата тешка борба, тој ќе ќе се јавува од болница и ќе известува за неговата здравствена состојба. Тој го исполнил тоа. Десетина дена по неговото последно обраќање, Бриџис ги поздрави своите следбеници на Твитер со фотографија од болничката соба.
“Ви благодарам на сите што ми се јавувате тука и ми испраќате пораки. Убаво е да се добијат сите оние силни убави желби и љубов. И понатаму ќе ви ја кажувам мојата состојба”, напишал актерот во описот на фотографијата.

Холивудската кариера на големиот актер е многу богата, а тој играше во повеќе од 70. играни филмови. Пред десет години го доби Оскарот за најдобар водечки актер во филмот „Лудо срце“, а минатата година беше награден за животно дело.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) СРЕЌНО СЕМЕЈСТВО: Алек Болдвин на премиера дошол со сопругата и шесте деца!

Алек Болдвин (63) и неговата сопруга Хиларија (37) присуствуваа на премиерата на неговиот нов филм …