Срушена теоријата на заговор: Зошто знамето на Месечината се вее?

Националната администрација за воздухопловство и вселена на САД (НАСА) одлучи да ги предизвика на „пресметка“ сите оние кои веруваат во една од теориите на заговор.
„Мислите дека не слетавме на Месечината? Или дека Земјата е рамна плоча? Истражуваме која било од теориите на заговор и лажните вести во специјалот за Ноќта на вештерките – прашајте нè што сакате. Кои тајни планови мислите дека сме ги правеле низ годините? Споделете ги со нас!“, напишаа на официјалниот профил на НАСА на Твитер претставниците на оваа агенција, каде ги следат повеќе од 41. милион луѓе.
Се разбира, многумина со ентузијазам го поздравија овој предизвик и поставија голем број прашања и претпоставки, на што експертите од НАСА одговорија, а читателите присуствуваа на разбивањето на теориите на заговор.
Секако, едно од прашањата беше неизбежно – ако луѓето навистина слетаа на Месечината, како е можно на видеото да се вее американското знаме, како да има ветер, а се знае дека во вселената нема воздух.
Одговор на НАСА: Ви благодариме за ова прашање! Знамињата изгледаат како да се веат, но тие всушност се нишаат. Нишањето на Земјата се случува поради гравитацијата и отпорот на воздухот, но на Месечината сè што се лула продолжува да се движи многу подолго.
Потоа споделија линк до одговорите на најчестите прашања и заблуди, а потоа продолжиле со реплицирање на љубопитните следбеници. Можете да ги пронајдете на веб-страницата на списанието Original.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за сабота, 29.01.2022: Во емотивна смисла ве очекува ново задоволство кое ќе ја одбележи вашата врска со саканата личност…

Овен Љубов: Отворено разговарајте со партнерот и инсистирајте на докажување на вистината. Не треба да …